Beginners Guide to TikTok for Search - Rachel Pearson - We are Tilt __ Bright...
Techo.mk Sponsorship Package
1. Датум (Прв настан): 8ми Февруари, 2017 (Среда)
Времетраење: 18:00 - 20:00 + Коктел забава
Број на учесници: 50-60
Tech.O е настан кој што ги собира на едно место влијателните бизнис и IT лидери,
претприемачи, сопственици на стартап компании, инвеститори и талентирани млади
луѓе кои со иновативни идеи сакаат да допринесат во развојот на македонската
бизнис и ИТ клима. Целта на овој настан е преку споделување на знаење и идеи и
преку воспоставување на деловни контакти да се развие средина која ќе подржува
раст и примена на нови трендови и иновативни технологии кои ќе потикнат повисока
културата на бизнис соработка помеѓу разни индивидуалции и компании и кои ќе
отворат нови инвестициски можности.
Овој настан ќе ги привлече водечките IT професионалци, претприемачи, извршни
директори, стартапи, инвеститори и амбициозните млади таленти, кои се стремат
кон примена на нови стратегии и начини на водење на бизнис и сакаат да ги
прифатат глобалните трендови и иновации.
Овој настан ќе се одржува во нашата креативна канцеларија на месечно ниво!
Што е Tech.O?
Отварање на настанот - Зоран Костовски - Почесен Конзул на Австралија во
Македонија и Директор на Мотива
Презентации на нови бизнис идеи (старт ап идеи) од по 15 минути со
последователни 5-10 минути QnA сесии
Нина Ангеловска - CEO - Групер - Тема: Како од старт ап идеја до успешен
бизнис
Раде Бојаџиевски - Senior ICT Specialist - Тема: Internet of Things
Ангел инвеститор - ќе биде објавен наскоро
Затворање на настанот - Bobby Lin - Co-Founder и CEO - Valoso Hub
Стартапи:
1. Ке биде објавено наскоро
2. Ке биде објавено наскоро
2. Како ќе се промовира првиот настан?
Првиот настан ќе биде дел од StartUp Europe Week
и ќе биде промовиран преку социјалните мрежи и
медиуми заедно со серијата на настани организирани од
ко-организаторите на овој настан.
Настанот ќе биде промовиран и индивидуално преку:
● Социјални мрежи и медиуми
● Статии на блогот на Valosohub.com и гостински статии на македонски портали
● Live streaming (пренос во живо) и видеа после настанот на социјалните медиуми
● Е-мејлови пред и после настанот до сите учесници и организации
● Word-of-mouth маркетинг
Од досегашната промоција, можам да го истакнам нашето појавување на
Македонската Телевизија во емисијата Македонија Наутро.
Погледнете слики на следниов линк:
https://www.facebook.com/valosovideos/posts/1774061746251136
Кои сме ние?
Valoso Hub е меѓународна стартап компанија со седиште во Мелбурн, Австралија.
Задоволни од квалитетот на извршуваната работа од страна на неколку високо-
квалификувани македонски фриленс работници (девелопери и маркетинг),
менаџментот на компанијата се одлучи за Скопје како најдобра дестинација
за отварање на ИТ канцеларија. По 5 месец посветена работа и со тим од околу дваесет
луѓе, ние постојано се стремиме кон обезбедување нови идеи и технологии во нашата
работа со што на пазарот ќе понудиме атрактивни и врвни ИТ решенија.
Валосо Хуб е широко отворен за соработка со други иновативни компании и
организации и ние сме спремни да делуваме позитивно врз зголемувањето на нивото
на соработка во македонската бизнис и ИТ заедница преку градење и одржување на
долгорочни партнерства.
Која е нашата таргет група?
Претприемачи, главни извршни директори, IT професионалци, сопственици на стартап
компании, сопственици на иновативни компании, инвеститори и амбициозни млади
таленти.
3. Кои се Вашите бенефиции?
Со присуството на Ваш претставник, Вие ќе имате
одлична можност да:
● Научите за најновите технологии, иновативни апликации и маркетинг алатки кои и
тоа како можат да се применат за фасилитирање и промоција на вашиот бизнис
● Научите како умно да се инвестира во иновативни бизнис и маркетинг стратегии
● Стапите во контакт со елитната заедница на ИТ професионалци, девелопери,
организатори на настани, инвеститори, претприемачи, стартап сопственици,
претставници на организации за подршка на бизнис и талентирани млади
иноватори, кои се одлична можност за црпење на идеи од истите, и за склучување
на различни видови на соработка
● Склучите соработка со стартап тимови со кои заедно би соработувале на
одредени идеи или апликации кои би помогнале во идната промоција на
Вашите производи
● Стапите во контакт или да се вклучите во разни организации од земјата преку кои
поблиску би соработувале со заедниците на претприемачи, инвеститори, стартап
и ИТ
● Најдете потенцијални таленти за вработувањe во некои од Вашите Маркетинг,
Бизнис или ИТ сектори, како и можност за наоѓање на оутсорсинг команија преку
вмрежување со водечките ИТ професионалци на земјата, како и со талентирани
млади почетници
4. Пакети За Спонзори
Пакет за 6 настани ...................................1200Eur
Бенефиции:
● 3 минутно време на подиумот да споделите за вашата организација/услуги
со посетителите на настанот на секој од шестте настани
● Логото и линк како спонзор на http://techo.mk/
● Лого од Вашата компанија на печатената програма која ќе биде доставена
до сите присутни на секој од шестте настани
● Лого од Вашата компанија на екранот за презентирање на секој од шестте
настани
● Лого од Вашата компанија во е-мејловите со покана вклучувајќи ги и
потсетниците кои ќе бидат испраќани до сите учесници на секој од шестте настани
● Логото од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во пост-мејловите
кои ќе бидат испратени до учесниците на секој од шестте настани
● Лого на Вашата компанија на официјалниот free-standing банер за настанот кој ќе
биде поставен на самиот влез на секој од шестте настани
● Можност да поставите сопствен банер или промотивен постер на секој од
настаните
● Вклучување (лого и линк од компанијата) во статија на блогот на Valosohub.com
после секој од шестте настани
● Live streaming (пренос во живо) и видео после настанот на социјалните
медиуми за сите 6 настани и на вашата њеб страна
● Тагови на слики и видеа на социјалните мрежи за сите 6 настани
● Вклучување (лого и линк) во гостински статии на локални интернет портали
● Простор за рекламирање на Вашата компанија на страницата
Valosohub.com/Поставување на промотивен банер
● Можност за дистрибуција на ваучери за попуст помеѓу учесниците на настанот
на секој од 6-те настани
● Можност за да го промовирате вашиот бренд преку делење на брендирани
подароци на учесниците на настанот на секој од 6-те настани
● Можност да ги промовирате вашите услуги или производи, со тоа што ќе
дистрибуирате промоционални летоци/флаери, на секои од 6-те настани.
Вашето присуство на Tech.O ќе биде од исклучителна корист за Вашиот бизнис на долг рок.
Присуствувајќи заедно со некои од најмоќните луѓе од полето на бизнис и IT, Вие ја отварате вратата
кон бесценети можности за учење. Генерирајте нови идеи за вашите бизниси, добијте инспирација за
нови маркетинг стратегии и поврзете се со потенцијални клиенти, вработувачи и партнери.
Откријте и бидете откриени!
5. Пакети За Спонзори
Пакет за 1 настан..........................250 Eur
Бенефиции:
● Логото и линк како спонзор на http://techo.mk/
● Лого од Вашата компанија на печатената програма која ќе биде доставена до
сите присутни
● Лого од Вашата компанија на екранот за презентирање
● Лого од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во е-мејловите со
поканата вклучувајќи ги и потсетниците кои ќе бидат испраќани до сите учесници
● Лого од Вашата компанија и линк до Вашата Веб страна во пост-мејловите кои ќе
бидат испратени до учесниците
● Можност да поставите сопствен банер или промотивен постер на настанот
● Вклучување (лого и линк од компанијата) во статија на блогот на Valosohub.com
● Live streaming (пренос во живо) и видео после настанот на социјалните
медиуми
● Тагови до вашата веб страна/FB на слики и видеа на социјалните мрежи
● Простор за рекламирање на Вашата компанија на страницата
Valosohub.com/Поставување на промотивен банер
● Можност за дистрибуција на ваучери за попуст помеѓу учесниците на настанот
● Можност за да го промовирате вашиот бренд преку делење на брендирани
подароци на учесниците на настанот
● Можност да ги промовирате вашите услуги или производи, со тоа што ќе
дистрибуирате промотивни летоци/флаери