2. Вовед
Блажеството на телото се состои во здравјето,
блажеството на умот – во знаењето.
Талес
Денес живееме во време на промени кои алармантно се наметнуваат и во
образовниот систем и кои сѐ понагласено ја наметнуваат потребата од иновации во
пристапот, како кон планирањето, така и кон спроведувањето на процесот на
поучување,следење и оценување на знаењата,умеењата,вештините на учениците и
формирање на ставовите.
Во согласност со модерните трендови во наставата, а со цел за подобрување
на квалитетот на истата, по повеќегодишно истражување во практиката го подготвив
овој практикум, со цел да се олесне и насочи наставникот континуирано , развојно и
аналитички да го следи напредокот на учениците.
Наставникот, покрај когнитивните процеси, ќе ги следи, проверува и
вреднува и афективните елементи.Во процесот на оценувањето наставникот треба
да ги вклучи и поучи учениците како да се самооценуваат,проверуваат и
вреднуваат.
Современата настава од учениците бара ефикасно учење и критичко
размислување. За таа цел наставниците треба да користат интерактивни техники и
методи на поучување , со цел да ги мотивираат учениците за поголема самостојност
и критичност во самооценувањето. Учениците ќе научат да бидат активни субјекти
во процесот на поучување, ќе размислуваат критички и ќе ги разгледуваат
информациите од повеќе аспекти, оформувајќи веродостојно мислење и заклучоци,
а наставникот ќе ја има улогата на поттикнувач и насочувач.
Јули 2013 год.
3. Концепција
Следење
Вештина која може да се научи и да се усоврши во текот на практиката и претставува
една од најстарите постапки за собирање на информации за предметот и процесот што се
следи.Следењето е систематско бележење на интересите, мотивите, способностите,
постигнувањата на учениците во усвојување на воспитно – образовните содржини по
наставниот предмет и неговиот однос кон работата и поставените задачи.
Утврдување и повторување
Образувањето на претстави, поими и судови е неопходна основа на учењето.Меѓутоа,
тоа учење треба да се задржи во свеста и по потреба да се примени.За да се задржат стекнатите
знаења потребно е да се работи на нивно утврдување и повторување.Утврдувањето и
повторувањето имаат физиолошки(нервни отпечатоци)и психолошки причини(повторување по
учењето) а се многу важен фактор во понатамошното систематизирање на знаењата.
Проверување
Проверувањето на учениците е систематско следење, тестирање и евалуација на
постигнувањата на учениците и успехот во реализирање на задачите на наставниот предмет
или воспитно – образовното подрачје во текот на целата учебна година. (Kadum, 2004, 56).
Значи, проверувањето на знењата е постапка преку која наставникот во текот на
целокупната негова работа го согледува и контролира обемот и квалитетот на усвоените
знаења,способности и вештини.
По успешното следење и проверување последователно се наметнува и постапката на
оценување на учениците.
Оценување
претставува процес кој опфаќа собирање, бележење, интерпретирање, користење
на информации и известувања за напредокот и постигањата на учениците во стекнување
знаења, способности и ставови.
За успешно водење на современиот наставен процес, но и за успешно поучување,
наставникот мора да ги има предвид горе наведените компоненти и да ги применува во
секојдневната практика. Повратните информации ќе му овозможат на наставникот да добие
комплетна слика за профилот на ученикот, за квантитетот и за квалитетот на неговите
знаења.
Прирачникот опфаќа неколку посебни делови кои се поврзани со современата
настава и потребата од нејзиното рапидно менување на условите за работа според новиот
план и програми. Начинот на презентацијата во прирачникот е преку конкретни примери и
упатства за користење на наставни техники и инструменти во реализацијата на наставниот
процес. На крајот е поместен и конкретен примерок од ученичко портфолио кое ги
содржи сите битни компоненти за профилот на ученикот.
Целта на прирачникот е да ги поттикне и охрабри наставниците при собирањето на
податоци за учениците, притоа користејќи разни иновативни техники и инструменти .
Да напоменеме дека изборот на наставните техники и инструменти за следење и
самооценување на учениците се произлезени од барањата и потребите во практиката во
одделенска настава. Наставникот, во зависност од возраста на учениците,наставниот предмет и
наставните содржини, го прилагодува изборот на техниките и инструментит
12. Содржина
Вовед
Концепција
7
8
I дел Следење и оценување на напредокот на учениците
Успешен наставник
Вештини на наставникот
Стилови на воспитување
Училница насочена кон ученикот
Зошто ни се потребни современите техники за работа
Наставни техники кои го поттикнуваат критичкото мислење
Рамка за поучување и учење
Видови техники
Распределба на техниките во трите фази на часот
Оперативен план за час
План за оценување на учениците
Проверување и оценување
Формативно оценување на учениците
Дијагностичка листа
Индикатори за дефинирање на целите при поучувањето
Индикатори за вреднување на знаењата на учениците
Развивање на соработка со родителите
Тест за проверка на самодовербата кај детето (за родители)
11
12
15
20
26
27
28
29
31
33
34
35
36
39
40
41
42
43
II дел Техники на учење во наставата
Техники и инструменти за следење и оценување
Дијаграми
Самооценување – аналитичка листа
Табели ЗСН
Изготвување на мисловни мапи
Набљудување на работата на учениците од страна на наставникот
Опсервација на активностите со примена на методите
Подолготрајно набљудување
Континиум на методите за оценување
Прилог техники и инструменти за самооценување
Поставување прашања –Блумова таксономија
Минутна работа, пауза за објаснување, чекање
Стоп техника
Коцка
Табела ЗСУ, насочена фантазија(имагинација)
Прозорец, Венов дијаграм, Грозд, Петоред
Скелетен приказ
Табела за предвидување
Пајакова мрежа
Реципрочно поучување
50
50
52
54
58
59
60
61
64
66
70
73
74
75
76
78
80
81
82
83
13. Бура на идеи, Мисловни мапи
Триаголници, Аквариум, Инсерт
Бинго; Сложувалка
Фотобура, Програмирана секвенца, Каменот што зборува
Вртелешка
Групно истражување
Три клуча и една брава
Оценување; техника ТИН
Пример за скали за самооценување
Прилог – собирање на податоци (анегдотски белешки ,досија.......)
Практично проверување
Основни карактеристики на портфолио на ученици
84
85
86
90
91
92
93
94
100
104
106
108
III дел Инструменти за следење и оценување на учениците – формулари
111
IV дел Дневник за следење на постигањата на учениците
155
V дел Моето портфолио
191
VI дел Портфолио на одделението
245
VI I дел Портфолио на наставникот
267
Библиографија
281